И голманот Гедбан го продолжи договорот со Вардар

kalifa-gedban

Најдобриот македонски ракометен колектир и актуелен европски шампион Вардар соопшти уште една позитивна вест во однос на својот ростер за следната сезона-продолжен е договор со голманот Калифа Гедбан.

Двете страни беа задоволни од соработката, па беше активирана клаузулата со која африканецот уште најмалку една кампања ќе остане во Скопје. Гедбан во својата прва сезона со „црвено-црните“ стигна до четири трофеи сезонава и тоа во лигата првенство, домашниот Супер куп, СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

-Задоволни сме што и тој останува во Скопја и што заедно ќе одиме во уште една сезона и ќе го напаѓаме европскиот врв, изјави извршниот директорт на вардарци, Давор Стојаноски.

Пред Гедбан договорт со тимот од Јане Сандански го продолжи Сташ Скубе, а пак беа ангажирани Артурс Кугис, Павел Атман и Сергеј Горпишин.

Facebook Коментари