Поврзете се со нас

Македонија

Голманот Дујмовиќ потпиша за шампионот Струга

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Fcstruga

Екипата на Струга Трим Љум успешно ги заврши преговорите за ангажман на 25-годишниот голман од Босна и Херцеговина, Филип Дујмовиќ.

Тој во таборот на македонскиот првак доаѓа од Железничар, а претходно бил дел од клубови кои настапувале во Романија и Србија, Турција.

Дујмовиќ има забележано настапи и за младинските репрезенативни селекции на БиХ и тоа оние до 17 и 21 години.

Со стружани потпише двегодишен договор.

Инаку Струга денеска се раздели со Мејит Незири и Едис Малиќи, а претходно и со Вангел Згуро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни