Поврзете се со нас

Македонија

Голманот договори нов предизвик: Гедбан си заминува од Еурофарм Пелистер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Искусниот алжирски голман, Калифа Гедбан ќе го напушти Еурофарм Пелистер и Македонија по крајот на оваа сезона.

Африканецот се врати во нашата земја минатата година и тоа со потпис за актуелниот шампион, меѓутоа оваа приказна брзо завршува и Гедбан во иднина ќе настапува за германскиот бундеслигаш Ерланген.

-Го следиме Калифа долго време и многу сме задоволни што го избра Ерланген. И покрај неговата импозантна големина, тој е исклучително флексибилен и агилен, што го прави одличен голман. Неговото меѓународно искуство несомнено ќе ни помогне и убеден сум дека ќе биде вредно засилување за нашиот тим, -истакна тренерот Хартмут Мајерхофер.

Гедбан во Македонија настапуваше и за Вардар, тим со кој своевремено стана и европски шампион. Во досегашната кариера има играно и во Шпанија, Романија, Катар и секако својата татковина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни