Поврзете се со нас

Англија

Голман со неверојатен преглед на игра: Едерсон забележа историска асистенција во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Едерсон Мораеш со години наназад важи за еден од најдобрите голмани во светот кога е играњето со нога во прашање, но кога станува збор за една многу важна статистика, Бразилецот едноставно е недопирлив.

Чуварот на мрежата на Манчестер Сити е убедливо најдобриот асистент меѓу голманите во англиската елита, а кога се говори на оваа тема, се мисли на цела фудбалска историја во Англија.

Манчесер Сити денеска правеше пресврт против Кристал Палас и победи со 5:2, а еден од петте гола на домаќините беше наместен од голманот.

Едерсон извонредно го проигра МекАти и со своето додвање го воодушеви и Пеп Гвардиола, со што само ја потврди својата неверојатна серија оваа сезона.

Бразилецот стана прв голман во историјата кој запишал четири асистенции во една сезона, а истовремено, со вкупно седум асистенции е недопирлив на првото место на вечната листа пред голмани како Пол Робинсон, Дејвид Симан и Пепе Реина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни