Голман се исплаши од Јаховиќ и ја направи најголемата глупост во оваа сезона (Видео)

kirintili

Екипата на Јени Малатијаспор дојде до трите бода на вечерашното гостување кај Коњаспор (2-0) во првата турска лига, меч кој дефинитивно го одбележа голманот на домаќините Серкан Киринтили со една голема глупост која ретко се гледа на терените.

Киринтили уште во првата минута беше испратен во соблекувалната, откако реагираше аматерски и ја прифати топката со двете раце надвор од шестнаесетникот. Во оваа ситуација нашиот Адис Јаховиќ беше во налет, а искусниот Киринтили (34 години) како да се исплаши и направи глупост која многу ја чинеше неговата екипа.

Facebook Коментари