Поврзете се со нас

Свет

Голман на МЛС клуб отстрануваше несекојдневен натрапник од теренот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/AustinFC

МЛС клубот Остин доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Ванкувер, голманот Бред Стувер немаше најдобар ден на голот на својот тим, но затоа заработи аплаузи од домашните фанови поради еден интересен потег.

Судијата во еден момент го прекина натпреварот поради несекојдневен натрапник на теренот, а фудбалерите утврдијад дека се работи за глушец кој неочекувано се најде на средината на теренот.

Стувер делуваше ладнокрвно, го фати натрапникот и безбедно го однесе надвор од теренот, за што беше поздравен од фановите на „Би-Си“ стадионот.

Натпреварот беше одбележан и со четири погодоци на американскиот репрезентативец Брајан Вајт, кој имаше главна улога во триумфот на Ванкувер со 5:1 и зацврстување на првото место во западната конференција на МЛС.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни