Поврзете се со нас

Свет

Голман на мексикански Тигре доби долга суспензија за бизарен потег

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/TigresOficial

Голманот на мексиканскиот клуб Тигрес, Нахуел Гузман, заработи суспензија на 11 натпревари, поради потегот кој го направил за време на дуелот на неговата екипа и Монтереј.

Гузман не бил во комбинација за настап и го следел дербито од ВИП ложата, но решил да му пречи на ривалскиот голман со ласерско светло.

Естебан Андрада е голманот на Монтереј кој бил жртва на непристојното однесување на својот аргентински колега, а поради што дисциплинската комисија решила да донесе и пожестока казна на сметка на Гузман.

Гузман ќе треба да плати и парична казна, а дури и неговиот клуб најави дека ќе го казни според интерните правила, за испадот на дербито кое завршило со резултат 3:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни