Поврзете се со нас

Свет

Голман или крило? Чуварот на мрежата на Малатијаспор стана вирален хит со потегот против Бешикташ (Видео)

Објавено

на

blank

Бешикташ остана во чекор со лидерот Галатасарај и денеска прокнижи навистина тешка победа на гостувањето во Малатија, остварена благодарение на единствениот гол во 59-та минута.

Хачинсон беше стрелец на погодокот кој го реши прашањето околу побендикот, но во судиското продолжение, вирален хит стана една ситуација која е навистина несекојдневна на фудбалските терени.

Малатијаспор на секој начин се обидуваше да изврши притисок и да создаде последна шанса за гол, но во таква ситуација оставаше и многу простор. Голманот Ертаџ Озбиш интервенираше и неутрализираше една контра на Бешикташ, но во продолжение се најде и во улога на крило.

Чуварот на мрежата на Малатијаспор имаше храброст да се испроба како крило, даде точен пас, но сепак акцијата на неговиот тим заврши без израмнувачки гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни