Поврзете се со нас

Македонија

Големото засилување се претвори во големо разочарување: Гурбиндо објасни зошто си заминува од Вардар

Објавено

на

Едуардо Гурбиндо со голем ентузијазам гледаше на трансферот во Вардар и со нетрпение чекаше да го научи македонскиот јазик (неговата сопруга е Македонка), но плановите кои ги имаше брзо се променија на непосакуван начин и сега тој е пред нов трансфер.

Шпанскиот репрезентативец кој ја освои бронзата на последните Олимписки игри ова лето беше највен во Вардар како големо засилување, но откако не беше пријавен во тимот за Лигата на шампионите, стана јасно дека тренерот Веселин Вујовиќ не смета на него.

Гурбиндо: Знам се за Вардар, не се плашам, прифаќам секаков предизвик

Гурбиндо во овој момент е во напредни преговори со Динамо Букурешт за трансфер во Романија и нова соработка со Чави Пасквал, за што отворено говореше во разговор за шпанските медиуми.

– Се уште работитен е се 100 проценти комплетирани, бидејќи треба да потпишам за раскин на договорот со Вардар. Сепак, вистина е дека се е зборувано и договорено со Динамо Букурешт.

– Во Вардар ми најавија еден проект, но излезе сосема друго. Не наидов на проектот за кој ми зборуваа пред да дојдам, – додава Гурбиндо кој ќе си замине од Вардар без официјален настап во „црвено-црниот“ дрес (играше само во Хумел Купот).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни