Поврзете се со нас

Италија

Големото засилување на Милан објасни како го добил својот невообичен прекар

Објавено

на

Фото: https://x.com/acmilan

Милан беше сериозно активен во последниот преоден рок, а покрај излезните трансфери, успеа да ангажира и неколку квалитетни имиња предводени од напаѓачот Сантијаго Хименес.

Мексиканецот дојде од Феенорд и навивачите очекуваат да биде новиот голгетер на „росонерите“, а во интервјуто за клупската телевизија зборувал на различни теми, откривајќи и како го добил прекарот „Беботе“, што во превод значи големо бебе.

– Прекарот доаѓа од моите најблиски, од семејството, кои во детството ме викаа така поради тоа што бев многу крупно дете и се разликував многу од сите пријатели и соиграчи во екипата.

– Еден пријател на татко ми работеше во телевизија и го знаеше мојот прекар, па кога дадов гол во една ситуација, пред тв аудиториумот кажал „Беботе постигна гол“.

– Од тој момент натаму, веќе сите ме викаа така, – открил Хименес, кој се надева дека и фановите на Милан често ќе го употребуваат терминот кога ќе ги прославуваат неговите голови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни