Поврзете се со нас

Германија

Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)

Објавено

на

Бразилецот Реинер е најголемо разочарување од сите позајмени играчи на Реал Мадрид во овој момент, бидејќи суперталентираниот офанзивен фудбалер наиде на сериозно тешка аклиматизација во германската Бундеслигата.

Реинер едноставно не може да се избори за своето место во Борусија Дортмунд и овој тим се покажува како преголем залак за него, па сега дури шест месеци откако беше претставен како големо засилување, го постигна првиот гол во домашното првенство.

Младиот 19-годишен Бразилец влезе во игра во 80-та минута од средбата против Арминија, а со својот прв допир до топката успеа да постигне гол, откако претходно цела работа ја зварши Ерлинг Халанд.

Марко Ројс му го отстапи местото на Реинер, а судбината посака првата акција по влегувањето да се покаже како стопроцентна шанса за него, од која едноставно не можеше да погреши и да го постигне првиот гол во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни