Поврзете се со нас

Шпанија

Големото разочарување на Јунајтед пред перманентен трансфер во Џирона

Објавено

на

Foto:instagram.com/donnyvdbeek

Џирона беше најголема сензација во Шпанија изминатава сезона, а во период кога се подготвува за своето историско учество во Лигата на шампионите, клубот е свесен дека мора да се збогати ростерот.

Малиот каталонски клуб ќе се обиде да обезбеди што подобар тим за тренерот Мичел, па понесени од добриот пример со Дејли Блинд, водечките директори на Џирона сега се пред договор со уште еден Холанѓанец.

Како што јавуваат угледните шпански медиуми, Дони Ван де Бек е пред премин во Џирона, а бидејќи договорот е трансферот да биде перманентен, тоа значи дека играчото за врска ќе го заврши својот хорор на „Олд Трафорд“.

Ван де Бек не ги оправда очекувањата во Јунајтед и не доби шанса ниту од својот сонародник Ерик Тен Хаг, па како еден од оние кои се прекубројни во клубот, ќе реализира трансфер уште во раната фаза на преодниот рок.

Според информациите, висината на трансферот ќе биде ниска и Џирона ќе го добие Холанѓанецот за сума од 10 милиони евра, што е речиси пет пати помалку од цената која Јунајтед му ја плати на Ајакс во 2020-та година.

Ван де Бек последната сезона ја мина на позајмица во Ајнтрахт, но и таму не се изнаигра онолку колку што очекуваше.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни