Поврзете се со нас

Англија

Големото летно засилување на Јунајтед се врати на тренинзи после четири месеци (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг успеа да најде решение за Евертон на „Олд Трафорд“ и покрај тоа што не можеше да смета на голем број фудбалери, а по крајот на овој натпревар најави дека иднината изгледа многу посветла за неговиот тим.

Причина за тоа се што дел од повредените играчи се наоѓаат во завршна фаза од рехабилитациите, нешто што важи и за фудбалерот кој беше во аут во последните четири месеци.

Мејсон Маунт пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување од Челси, но најпрво лошата форма, а потоа и тешката повреда на листот направија неговата прва сезона во Јунајтед да биде за вистински заборав.

Англискиот репрезентативец последно беше стартер за Јунајтед во октомври, последниот меч за првиот тим го одигра против Лутон во средината на месец ноември, а сега после четири месеци го одработил првиот целосен тренинг во Карингтон центарот.

Оваа вест ја сподели самиот клуб, па за очекување е тој да му стои на располагање на Ерик Тен Хаг по репрезентативната пауза која ќе следи по претстојниот натпреварувачки викенд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни