Поврзете се со нас

Англија

Големото летно засилување на Арсенал шокираше со изјавата: Не знам како играл Виеира

Објавено

на

Арсенал го пречекува Кристал Палас во претстојното коло кое следи во англиската Премиер лига, натпревар кој ќе побуди специјални спомени кај менаџерот на гостинскиот тим, Патрик Виеира.

Легендарниот француски играч за врска одбележа една незаборавна ера како играч на „топчиите“ и сигурно ќе биде поздравен од домашната публика на „Емирејтс“, но колку и да звучи бизарно и неочекувано, едно од најголемите засилувања на Арсенал за новата сезона не е запознаен со фудбалските квалитети на Виеира.

Бев Вајт пристигна од Брајтон во Северен Лондон за сума од 50 милиони фунти и многумина поставија сериозни прашања за висината на отштетата, но 24-годишниот англиски репрезентативец сега дополнително ги шокираше фановите откако призна дека не знае како играл фудбалерот кој беше дел од непобедливиот тим на Арсенал.

– Јас речиси никогаш не гледам фудбал. Така е сега, така беше и кога растев. Се уште не гледам фудбал на телевизија. Јас само ја сакам оваа игра, секогаш сум бил дел од неа, но никогаш не сум гледал фудбал. Поради тоа, не знам речиси ништо за постарите и претходните генерации.

– Сум слушнал дека Виеира бил многу добар играч, но не знам никакви детали. Не знам како играл, постојано бев зафатен во детството, правев секакви работи. Секогаш сум се анализирал себеси како играч. Понекогаш ја гледав Англија, но сигурно нема да седнам и да изгледам цел меч, – открива Бев Вајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни