Големото дерби за „црвено-црните“: Металург „гризеше“ едно полувреме, Вардар доминираше во продолжението

timur

Ракометарите на Вардар дојдоа до „десет од десет“ во СЕХА регионалната лига и тоа откако вечерва славеа над големиот ривал Металург со 31-24.

Иако „црвено-црните“ важеа за огромни фаворити тоа не се почувствува во првиот дел на теренот во СЦ „Јане Сандански“ каде момците на Александар Јовиќ го надиграа противникот и го контролираа резултатот, па на паузата заминаа со плус два (14-12).

Во второто полувреме видовме сосема поинаква слика на теренот, Вардар покажа зошто е актуелен европски шампион и бранител на трофејот во ова натпреварување, па го „изеде“ ривалот од Автокоманда и дојде до посакуваната цел, нови три бода.

Дибиров даде 10 голови од 14 обиди, Борозан имаше перфектни 7 од 7, додека Штербик имаше 8 одбрани. Гуглета со 5 голови ја предводеше листата на стрелци кај Металург, голманот Арсиќ пак имаше 9 одбрани.

Оваа средба воедно имаше хуманитарен карактер, сите приходи се наменети за помош на 16-годишниот Борче Јовановски, кој мора итно да биде опериран во странство со трансплантација на коскена срж.

Facebook Коментари