Англија
Големото дерби меѓу Ливерпул и Јунајтед доведено во прашање поради снежната бура во Англија (Видео)
Снежната бура која го зафати регионот на Ливерпул прави големи проблеми во логистиката на Премиер лигата, од едноставна причина што за ова попладне е закажано големото дерби меѓу двата најтрофејни клубови во Англија.
Пресметката меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е закажана за денеска во 17:30 часот, но на пет часа пред натпреварот, се уште не е официјално познато дали истиот ќе биде одигран.
Големите количества на снег прават големи проблеми за да се исчисти теренот на „Енфилд Роуд“ кој веќе е обоен во бело, но како што јавуваат властите, ова ќе биде најмал проблем за организаторот на мечот.
И покрај лошата прогноза која вели дека може да врне и зармзнат дожд во наредните неколку часа, Ливерпул како клуб гарантира дека ќе оспособи услови за игра на теренот, но најголем проблем е логистиката за навивачите кои треба да пристигнат на стадионот.
Доколку не се поправат околностите, Премиер лигата нема да презема ризик и ќе ја стави безбедноста на фановите на прво место, па можно е да дојде и до одложување на дербито.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…