Поврзете се со нас

Македонија

Големо засилување за шампионскиот тим: Спировски после седум години се враќа во мак-фудбалот (Видео)

Објавено

на

Струга ја одбрани титулата во македонскиот шампионат и стигна до втората титула во клупската историја, но амбициозниот проект на Трим и Лум не сопира тука.

Стружани имаат план да заокружат „хет-трик“ во најсилната македонска фудаблска конкуренција, а доказ за тоа е комплетираниот трансфер кој денеска беше официјализиран.

Стефан Спировски како познат македонски репрезентативец реши да се врати во родната земја по седумгодишна интернационална кариера, па дефинитивно ќе биде огромно засилување за новата натпреварувачка сезона.

Играчот за врска има 33 години и очигледно процени дека е вистинско време за враќање во мак-фудбалот каде претходно настапуваше за Вардар, Работнички и Пелистер.

Струга го потврди новото засилување со интересно видео, посочувајќи дека Спировски е „последното парче од сложувалката“ кон нов шампионски поход.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни