Поврзете се со нас

Репрезентација

Големо засилување за националниот тим: Девана Бонер пристигна во Охрид

Објавено

на

Македонската женска кошаркарска репрезентација ја очекува настап во квалификациите за Европското првенство, а во ноемврискиот „прозорец“ селекторот Владимир Ѓоровиќ ќе може да смета на WNBA ѕвездата Девана Бонер.

Таа веќе пристигна во Охрид и почна да тренира со нејзините колешки за предизвикот во Рига (Летонија), поточно „балонот“ во кој ќе ги одмериме силите со Хрватска и Германија.

Инаку Бонер беше пречекана од раководството на нашата федерација предводено од Перо Антиќ за да потоа се запознае со плановите на селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите асистенти Срѓан Дамнјановски и Александар Ашаданов.

Инаку кошарките ќе продолжат да тренираат во Охрид и во недела, по што следува враќањето за Скопје и подоготвки за патувањето кон Рига. Во Скопје ќе ги чека капитенот Анџелика Митрашиновиќ, а планирано е и приклучувањето на Софија Лазареска која имаше натпреварувачки обврски со нејзиниот клуб од Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни