Големо засилување за МЗТ Скопје: „Фемили Аеродром“ се враќаат на трибини (Фото)

mzt_pozdrav_kon_navivacite

Македонскиот шампион МЗТ Скопје добива големо засилување и тоа во нивната навивачка група „Фемили Аеродром“ која по пауза од две ипол години се враќа на трибините.

„Фемили Аеродром“ влегоа во конфликт со управата на клубот, па поради тоа не учествуваа и не навиваа организарано за своите миленици. Сега откако се сменија работите и некои лица го напуштија клубот, навивачите се враќаат на трибините и тоа за дуелот против Морнар на 10 декември во рамките од АБА лигата.

Facebook Коментари