Поврзете се со нас

Свет

Големо засилување за Лев за ЕП: Германија експресно го натурализираше најдобриот лев бек во Бундеслигата!

Објавено

на

Јоаким Лев се подготвува за својот последен голем собир како селектор на германската фудаблска репрезентација, бидејќи самиот најави дека Европското првенство е последен голем турнир за него како предводник на „панцирите“.

Германскиот состав може да претрпи неколку измени до почетокот на првенството и не се исклучуваат повици на претходното „отпишаните“ Томас Милер и Матс Хумелс, но во изминатите неколку часа, главна вест во Германија стана веста за натурализацијата на фудбалер кој ги мина сите младински категории на Хрватска.

Станува збор за Борна Соса кој се најде и на прелиминарниот список на Златко Далиќ за Светското првенство во 2018-та година, но на крајот отпадна од конечната листа и никогаш не заигра за најсилната селекција на Хрватска. Според правилата на ФИФА, Борна се уште може да ја промени репрезентацијата поради тоа што нема официјален настап за сениорската селекција, а германските медиуми јавуваат дека германските власти ја завршиле работата и тој ќе биде големо засилување за Лев на континенталниот собир.

Борна Соса како соиграч на Чурлинов игра фантастична сезона во Штутгарт и на 23 одиграни натпревари има 10 асистенции, па според многумина експерти, во овој момент е најдобар лев бек во Бундеслигата. Пред извесно време, огромни пофалби доби и од Филип Лам кој го смести Хрватот во својот идеален тим на сезоната, а сето тоа очигледно беше најава за ексклузивата која ја пренесоа „Скај“ и „Билд“.

Последните вести велат дека Борна веќе добил германски пасош (неговата мајка е Германка) и експресно може да биде селектиран од Германија, што значи дека тивката натурализација која се водела во позадина ќе му донесе голем плус на Лев на изборот за лев бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни