Македонија
Големо засилување во нападот: Академија Пандев донесе замена за Мирчевски (Фото)

Академија Пандев остана без најдобриот стрелец во македонското фудбалско првенство во зимскиот преоден рок, но клубот од Струмица ова попладне потврди дека договорила добра замена за напаѓачката позиција.
Мартин Мирчевски потпиша за Бачка Топола и на големо беше најавен во соседна Србија како најдобар голгетер во Првата македонската фудбалска лига, а со оглед изданијата кои ги имаше во првиот дел од сезоната, ќе биде многу тешко да се надополни таков квалитет.
Сепак, Академија Пандев делува ветувачки и денеска потврди дека добива големо засилување, и тоа во името на Виктор Ангелов кој има респектабилна интернационална кариера.
– 27-годишниот играч од денес е нов член на Академија Пандев и ќе биде големо засилување во нападот. Доаѓа од екипата на Волунтари од Романија, а во својата кариера има настапувано за голем број екипи меѓу кои Ујпешт, Широки Брег, Шкупи, Работнички…Добредојде Виктор и ти посакуваме многу голови во сино-белиот дрес, – гласи објавата на „пандевци“.
Академија Пандев е второпласирана на табелата по есенскиот дел од сезоната, па јасно е дека во пролетниот амбициите ќе бидат да се остане во чекор со Шкупи и да се бори за титулата.
-
Светпред 17 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
Шпанијапред 22 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 13 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Светпред 15 часа
Реал го потврди статусот на фаворит и ќе се бори за пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Митревски блескаше и му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Братот на Меси жестоко ја нападна Барселона: Никој не ги знаеше пред Меси, тие се предавници
-
Англијапред 14 часа
Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)