Поврзете се со нас

Свет

Големо засилување: Рубио потпиша договор со Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Искусниот шпански плејмејкер, Рики Рубио е ново засилување за Барселона.

Рубио пред некое време се врати на терените, кошаркатата или поточно почна да тренира со неговиот поранешен тим со кого своевремено ја освои Евролигата. Сега според медиумите на Пиринеите, двете страни се договориле за соработка до крајот на сезоната, односно со ова се направи место за Рубио во тимот или во случајов во последен момент е регистриран за Евролигата.

Останува да се види кога и дали Рики ќе заигра за Барса, поточно двете страни си подале рака да нема притисок со тоа што клубот има опција да се откаже од некогашниот член на Минесота, Јута и Кливленд.

Рики имаше проблеми со менталното здравје, едно време комплетно се повлече и сега полека се обидува да се врати во нормала по тешкиот период во животот.

Шпанецот има 33 години, низ кариерата освои многу медали со националниот тим, имаше успеси со Хувентуд и Барселона, а може да се пофали и со респектабилна НБА кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни