Поврзете се со нас

Репрезентација

Големо славје: Кадетките го освоија ЕХФ-шампионатот во Литванија

Објавено

на

Кадетската женскa репрезентација на Македонија го победи Исланд (27-26) и го освои ЕХФ-шампионатот во Клаипеда, Литванија.

Нашите девојки во големото финале и борбата за пехарот одново одиграа квалитетно, ангажирано, со срце и тоа донесе резултат и победа над врсничките од Исланд. Избраничките на Љубомир Савевски дојдоа до големиот триумф со подобра игра во второто полувреме нешто слично како и на полуфиналето против Полска.

Имено првите 30 минути завршија со резултат 12-12 за да во продолжението Македонките бидат тие кои се за нијанса подобри од Исланд и се изборат за славје во Клаипеда.

Дукоска со 11 голови беше најефикасна ракометарка во нашиот табор, зад неа беше Ризоска со 7 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни