Поврзете се со нас

АТП

Големо разочарување во Лондон: Мари донесе непопуларна одлука на неколку часа пред последниот настап на Вимблдон (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

На неколку часа пред неговиот настап во првото коло на Вимблдон, Енди Мари ги извести организаторите дека сепак нема да се појави на теренот, што секако е огромно разочарување за британските фанови.

Мари најави дека оваа година за последен пат ќе игра на омилениот турнир, но опорарвувањето од спиналната циста не оди во посакуван правец, барем не за да се натпрееварува во сингл конкуренција.

Иако даде се од себе за да биде подготвен за игра, Мари ова попладне соопшти дека нема да се натпреварува со Чехот Томас Махач, а допрва ќе треба да ја донесе најважната одлука.

Вимблдон како организација со големо жалење ја потврди непопуларната вест, но изрази желба да го види Енди барем на турнирот во игра на двојки.

Мари е пријавен за дубл турнирот заедно со својот брат Џејми, па сите се надеваат дека ќе може да се прости од фановите со настап на зелениот терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни