Поврзете се со нас

Олимписки игри

Големо разочарување: Олимпискиот турнир остана без бранителот на титулата

Објавено

на

Олимпискиот тениски турнир во Токио остана покус за уште едно големо и звучно име, бидејќи по повлекувањата на Рожер Федерер, Рафаел Надал, Доминик Тим, Матео Беретини и Денис Шаповалов, ова утро стана познато дека нема да игра и Енди Мари.

Тенискиот турнир во Јапонија остана пократок за бранителот на титулата од претходните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, Британецот Енди Мари кој во последен момент реши да го откаже настапот во сингл конкуренција.

Мари се истакна како човек кој најдобрите партии ги покажува на големите Олимпијади, бидејќи пред да слави во Рио, го освои златниот медал и на Олимписките игри во Лондон во 2012-та година.

– Многу сум разочаран што морам да се откажам, но медицинските лица ме советуваа да не играм на двете страни од турнирот, на оној во дубл и оној во сингл конкуренција. Донесов тешка одлука и сега ќе се фокусирам на дубл турнирот, – изјави Мари.

Британецот влече повреда на квадрицепсот, па на негово место на теренот излезе Пурсел кој успеа да го победи Оже Алисим. Од фаворитите, Циципас се мачеше со Колшрајбер и победи со 2:1, додека разочарувачки пораз претрпе Рубљов од Нишикори со 2:0 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни