Големо признание за Македонецот: Тричковски е избран за играч на сезоната во Кипар!

tricko

Македонскиот напаѓач и член на АЕК Ларнака, Иван Тричковски  е избран за играч на сезоната во Кипар.

Нашиот фудбалер доби најмногу гласови од тренерите во најсилната кипарска лига, па во понеделник на свечена церемонија која ќе се одржи во Никозија ќе ја прими оваа награда. Тричко кој во моментов е надвор од стројот има фантастчина кампања во која на 39 натпревари постигна 24 голови што е навистина импресивен учинок.

Иван во оваа кампања стана и најдобриот стрелец во историјата на АЕК Ларнака што значи со новото признание само ќе ја заокружи супер успешната за него 2018-2019.

Facebook Коментари