Големо признание: Лука Циндриќ е најдобар ракометар во Европа за 2017 година (Фото)

Cindric3

Членот на македонскиот и европскиот шампион Вардар, Лука Циндриќ е прогласен за најдобар фудбалер во Европа во 2017 година во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

ЕХФ им го препушти изборот на навивачите, па хрватскиот бек доби дури 46 проценти од вкупните гласови (6,731/ 14,645) и ги остави зад себе клупскиот колега Арпад Штербик, Мате Лекаи, Момир Илиќ, Гонзалез Перез де Варгас, Сандер Сагосен, Лудвиг Халбак и Хулен Агинагалде.

Инаку Циндриќ имаше извонредна година, беше еден од главните виновници за историскиот успех на Вардар со тоа што дефинитивно најмногу ќе му се памети голот за победа против Барселона во полуфиналето на завршниот турнир во Келн.

Во женска конкуренција наградата замина во рацете на Романката од таборот на ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу.

Facebook Коментари