Големо признание: Димитријевиќ во одбрана група за „Ѕвезда во подем“ во Еврокупот (ВИДЕО)

neno

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е меѓу тројцатата кандидати во изборот за „Ѕвезда во подем“ во Еврокупот.

Димитријевиќ има одлични бројки во ова европско натпреварување и тоа во својата прва сезона во Еврокупот, па заедно со Мартинас Ечодас од Ритас и Килијан Хејнс од Умс се најдоа во Топ 3 во овој избор на младите ѕвезди. Критериумот за да се влезе во конкуренција беше е да не биде постар од 22 години, а сезонава имаше повеќе од 60 такви играчи од кои само 15 одиграа најмалку 8 натпревари.

Нашиот Нено има просек од 11.9 поени, со 64.8% реализација во шутот за два поени, и 86.7% од линијата за слободни фрлања, плус 3.9 асистенции што носи индекс-рејтинг од 12.9 на 14 одиграни натпревари во ова натпреварување.

Плејмејкерот во Топ 16 фазата има уште подобри бројки, 14.поени, со 73.1% на реализација во шутот од поле, како и 4.5 асистенции по меч со „коефициент на полезност“, односно „ПИР“ – 14.5.

Најдобрата партија ја имаше во 6. коло кога против Нантер даде 23 поени и имаше 29 индексни поени.

Facebook Коментари