Поврзете се со нас

Германија

Големо олеснување за Баерн: Лукас Ернандес избегна затвор

Објавено

на

Лукас Ернандес се врати во Мадрид на закажаното рочиште пред десетина дена и поднесе жалба за изречената завторска казна против него, мерка која му беше предвидена од Судот во Шпанија поради прекршување на условната казна која ја добија со неговата сопруга во 2017-та година.

Поради физички напад, тогашниот фудбалер на Атлетико Мадрид доби забрана за приближување до сопругата во период од една година, но бидејќи потоа двајцата повторно стапија во контакт и до ден денеска се уште се заедно, го прекршија законот во Шпанија и требаше да си избере затвор во кој ќе ја отслужи шестмесечната казна.

Најскапото засилување во историјата на Баерн мора да се врати во Мадрид и да отслужи затворска казна

Сепак, поради специфичноста на ситуацијата и несекојдневните околности, судијата од Мадрид денеска донел олеснителна пресуда во корист на најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен, кој денеска и дефинитивно избегна завтор, но ќе мора да внимава да не направи никаков прекршок во наредните четири години.

– Делото е суспендирано во период од четири години. Суспензијата е условена со тоа што сторителот во споменатиот период не смее да направи ново кривично дело.

– Исто така, суспензијата е условена и со плаќање глоба од 240 рати со дневна рата од 400 евра, – гласи објавата на Судот од Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни