Поврзете се со нас

Македонија

Големо изненадување на стартот: Академија ФМП го шокираше Пелистер во Купот на Македонија

Објавено

на

Кошаркарите на Академија ФМП направија се првите полуфиналисти во Купот на Македонија откако попладнево направија големо изненадување и славеа над фаворизираниот Пелистер со 100-98.

Супер интересно и возбудливо од почетокот до самиот крај беше на средбата во СРЦ „Кале“ каде избраниците на Александар Петровиќ дадоа се од себе, максимално се бореа за секоја топка и на крајот таа нивна игра, залагање се исплатеше и ќе играат во полуфиналето со подобриот од пресметеката меѓу Куманово и МЗТ Скопје.

Двата клуба си поделија по две четвртини, првата и третата им припаднаа на скопјани, додека втората и четвртата на битолчани си таа разлика што за нијанска Академија ФМП беше подобра во своите најдобри минути.

Крстајиќ со 29 поени беше најдобар кај победниците, Херис имаше дабл-дабл од 19 кошеви и 10 скокови, додека Атанасов на 18 поени додаде 9 скокови.

Кај Пелистер стандардно број еден беше Кесар со 31 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни