Големо изненадување на „Камп Ноу“: Барселона не успеа да ја скрши Џирона (Видео)

mesi

Бранителот на титулата во шпанската Примера, екипата на Барселона направи голем кикс и одигра само 2-2 против Џирона во последниот меч од петтата рунда.

Ова за каталонците се првите два изгубени бода во натпреварувачката 2018 и 2019 и тоа во својот дом на „Камп Ноу“. Фаворитот тргна како што треба и поведе преку Меси во 19 минута, но во 35 минута домашниот дефанзивец Ленгле доби директен црвен картон, откако судијата Манзано со помош на ВАР донесе одлука да го казни Французинот поради удар на противнички играч.

Од тука започнаа проблемите за четата на Валверде, па така во финишот на првиот дел Стуани израми на 1-1, а истиот играч во 51 стрелаше одново и за водство до 2-1. На Барса и беа потребни 12 минути за да се врати од шокот и преку Пике израмни на 2-2.

До крајот Барселона се обидуваше да даде трет погодок, да направи пресврт, меѓутоа нејзините напори не вродија со плод. Сега каталонците и Реал Мадрид имаа подеднаков број на бодови (13) и се на делба на првото место.

Facebook Коментари