Поврзете се со нас

АТП

Големо изненадување: Ѓоковиќ елиминиран во осминафиналето во Монте Карло (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација во осминафиналето на АТП Мастерсот во Монте Карло.

Првиот светски рекет загуби од Британецот, Даниел Еванс со 2-0. По вчерашната победа над Синер, српскиот ас испрати комплименти токму на адреса на Еванс притоа посочувајќи дека се работи за паметен тенисер кој одлично се движи на теренот, проценка, анализа која се покажа и тоа како точна.

Еванс првиот сет го доби со 6-4, во вториот фаворитот тргна моќно и поведе со 3-0, ама Британецот возврати и израмни на 3-3. Се играше гејм за гејм до 5-5 по што аутсајдерот успеа да направи брејк за 6-5 и потоа сигурно да отсервира за најголема победа во кариерата.

Во четвртфиналето ќе се соочи со Гофан од Белгија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни