Поврзете се со нас

Шпанија

Големо изненадување: Димитриевски ќе добие тренер од втората лига во Англија

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Уште вчера стана јасно дека Столе Димитриевски и неговите соиграчи ќе добијат нов тренер во Валенсија, но дефинитивно малку кој веруваше дека управата на клубот ќе пазари тренер од втората англиска лига.

Рубен Бараха вчера заработи отказ откако тимот влезе во ужасна серија на резултати, а иако во прв момент се говореше дека Кике Санчес Флорес е прв кандидат за клупата на „Месталја“, искусниот стручњак не успеал да пронајде заеднички јазик со управата.

Подоцна во текот на вчерашниот ден, Валенсија решила да ја активира својата втора опција од листата на потенцијални тренери, па како што јавуваат сите угледни шпански медиуми, истата веќе и успеала да ја финишира.

Како што стојат работите, Столе Димитриевски ќе доби нов тренер од Чемпионшип лигата, и тоа досегашниот менаџер на Вест Бромвич Албион.

Карлос Корберан е млад 41-годишен шпански стручњак кој ужива доста популарност во втората англиска лига, а Валенсија се согласила да ја исплати неговата откупна клаузула и го известила раководството на ВБА дека ќе искешира 3 милиони евра.

Добро упатените новинари информираат дека Корберан веќе се согласил да стави потпис на договор до 2027-ма година, па очекувањата се уште во текот на денешниот ден да биде комплетирана целата зделка и Валенсија многу брзо да го назначи наследникот на Бараха.

Корберан во својата досегашна кариера беше менаџер и на Хадерсфилд во Англија, а претходно му беше десна рака на „лудакот“ Марсело Биелса во Лидс Јунајтед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни