Поврзете се со нас

НБА

Големо изненадување: Човекот кој му приреди ноќен кошмар на Леброн во последното финале одново ќе му биде соиграч! (Фото)

Објавено

на

blank

Прекинот на сезоната во НБА лигата ќе донесе и одредени промени во ростерите на тимовите, бидејќи има и такви играчи кои не сакаат да се вратат на терените поради пандемијата со коронавирусот.

Авери Бредли го стави семејството на прво место и нагласи дека поради нивна заштита нема да им помогне на своите соиграчи од Лејкерс во обидот да дојдат до титулата, но по се изгледа, неговото место во Орландо ќе го пополни играч кој е многу добро познат на јавноста.

Сите угледни американски новинари и медиуми најавуваат дека Леброн Џејмс одново ќе го добие со соиграч кошаркот кој му приреди ноќен кошмар во последното финале.

Станува збор за искусниот Џеј Ар Смит, играчот кој изминатава година стави крај на својата соработка со Кливленд, тим во кој соработуваше со „кралот Џејмс“. Само за потсетување, Смит го шокираше Леброн во последното финале кое го играа двајцата, кога во 2018-та година во првиот меч со Голден Стејт наместо да положи за победа, избега од кошот и ја запрепасти цела јавност.

Две години подоцна, се наоѓа во завршни преговори со Лос Анџелес Лејкерс за краткорочен договор, па така повеќе од веројатно е дека ќе му биде нов соиграч на Леброн.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни