Поврзете се со нас

Англија

Големо дерби на „Емирејтс“ во третото коло на ФА Купот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Во возбудливата неделна англиска програма имаше малку време да се мисли на нешто друго освен на Премиер лигата, но во попладневниот термин се одржа и ждрепката за третото коло во ФА Купот.

Најстарото фудбалско натпреварување во Англија традиционално е посебно ценето на Островот, а веќе во раната фаза ќе гледаме големо дерби на „Емирејтс“ меѓу Арсенал и Ливерпул.

Лондонскиот ривал ќе го пречека Ливерпул на домашен терен на 6-ти јануари, што значи дека овие двад големи ривали три пати ќе ги одмерат силите во период од шест недели.

Од претходно познато е дека ќе играат премиерлигашка пресметка на „Енфилд Роуд“ на 23-ти декември, како и онаа на „Емирејтс“ на 3-ти февруари.

Од извлечената ждрепка, за издвојување е пресметката меѓу Њукасл и Сандерленд, што прави после подолго време да гледаме дуел меѓу омразените ривали од Северот.

Останатите фаворити поминаа многу добро, па така Сити ќе игра против Хадерсфилд, Јунајтед против Виган, Челси против Престон и Тотенхем против Барнли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни