Големите нафтени компании бараат построга контрола врз помалите увозници

petrol export

Во Охрид оваа седмица се одржува седмиот Регионален симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати од регионот.

Од ОКТА и Макпетрол велат дека имаат сопствени мониторинг лабаратории каде се испитува квалитетот и оти со години бараат да се направи соодветна контрола на увозот од помалите увозници. Македонците генерално користат квалитетни горива, но е неопходно државата да спроведе построга контрола на внесот на нафтени деривати во земјава, бидејќи голем дел од автомобилските компании не признаваат дефекти во гаранциски рок предизвикани од употреба на лошо гориво. Во моментов, одговорноста е кај граѓаните кои одлучуваат каде ќе набават гориво, но притоа државата не спроведува анализи кој трговец какво гориво внел во земјата.

– Државата се уште нема преземено конкретни чекори за мониторинг на целиот пазар. Кога го велам тоа мислам на останатите дистрибутери на пазарот. Сигурно дека има одредени пропусти и канали каде се внесува и гориво со несоодветен квалитет. Треба да се вклучи царината, министерството за економија, Пазарниот инспекторат,- рече Горан Анѓеловски, директор за стандардизација и квалитет во Макпетрол.

– Сите, по законска директива и норматива мора да ги задоволуваме тие квалитети. Нашата контрола и лабораториите ги пратат најновите стандарди и најновите акредитааци што се применуваат,- изјави Ице Рикалоски, директор во Окта.

– Со воведување на тој мониторинг во Македонија нема да има потреба од дополнителни лобаратории, туку дополнителни испитувања на оние места каде тие не се вршени-, изјави Трпе Ристоски, директор на Институт за акредитација.

Од Хрватската нафтена компанија ИНА велат дека со влезот во ЕУ, има построги правила за примена на еколошки стандарди во производство на нафтени деривати.

– Од влезот на Хрватска во ЕУ се зголеми и бројот на ЕУ стандардите, како што се еколошките. Сега сме стигнати до „Еуро 6“ гориво, нешто што го нема во повеќето земји во регионот. Тоа се тие построги додатни правила кои се однесуваат на заштита на околината,- рече Тихана Коренц, рафинерија за нафта ИНА.

Македонските граѓани во овој момент се сведоци на „урбани легенди“ дека ако наточат гориво во Хрватска тоа покажува поголем квалитет од Србија. Оние кои имале дефекти се соочиле со информации од постпродажните мрежи дека некои дефекти не се признаваат поради користење лошо гориво. Заради поголема заштита на потрошувачите, државата мора да покаже поголем интерес за квалитетот на горивото кое се увезува и кое се продава на македонскиот пазар.

 

Facebook Коментари