Поврзете се со нас

Македонија

Големиот успех со кадетите му донесе прво интернационално искуство: Стојановиќ ќе работи во Катар

Објавено

на

Раде Стојановиќ како млад македонски стручњак се истакна со своите почетоци во Охрид, но во изминатите неколку месеци го сврте вниманието и на интернационалните клубови, што сега му овозможи да води прв клуб надвор од нашите граници.

Стојановиќ го освои ЕХФ шампионатот во Рига со македонската кадетска репрезентација и имаше големи заслуги за успехот кој го остваривме, а тоа му донесе нов тренерски ангажман далеку од Македонија.

Катар Спорт е новата дестинација на Стојановиќ и веста беше потврдена преку официјалните гласила на клубот кој реши да му ја додели тренерската работа на Македонецот, кој пак ќе треба да одговори на довербата со макотрпна работа како и досега.

Само за потсетување, успехот кој го оствари Стојановиќ со кадетската селекција донесе големи нешта за македонскиот ракомет, бидејќи со триумфот над Швајцарија во финалето си обезбедивме пласман на кадетското Светско првенство наредната година, како и на младинското Европско првенство во 2024-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни