Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Големиот талент на Звезда самоуверен: Ќе покажам дека сум подобар играч од Јамал

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/crvenazvezdafk

Барселона утре и гостува на Црвена Звезда во Белград, што е најава за фудбалски спектакл за фановите во Белград, а домашниот тим ќе има сериозна поддршка од полниот стадион „Рајко Митиќ“.

На денешната прес-конференција, претставник на фудбалерите бил талентираниот Андрија Максимовиќ, кој периодов заработи многу комплименти до српската јавност и медиумите, кои најавуваат голема кариера за српскиот фудбалер.

Младиот Максимовиќ очигледно ја има потребната дрскост и самоувереност, па во тој стил го најавил и соочувањето со актуелниот лидер во Ла Лига.

– Играв против Јамал на Европското првенство, се работи за одличен фудбалер, а тоа важи и за Кубарси.

– Тие се мое годиште, па утре ќе излезам на терен и сакам да покажам дека сум подобар фудбалер од Јамал, – рекол Максимовиќ, кој објаснил и како го добил прекарот „Меси“.

– Прекарот ме прати од дете и најмногу поради мојата фризура. Сакам да оставам печат во Црвена Звезда, но и да бидам запаметен како Андрија Максимовиќ, а не како Меси, – рекол

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни