Шпанија
Големиот талент на Реал од кој Анчелоти многу очекува: Би си ја променил десната нога, многу е лоша!

Карло Анчелоти не му правеше никакви проблеми на Касемиро и му дозволи да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, свесен дека во тимот на Реал Мадрид надоаѓаат две големи ѕвезди од Франција кои можат извонредно да го надополнат отсуството на Бразилецот.
Покрај Лука Модриќ и Тони Крос кои и натаму се незаменливи, Дон Карло има луксуз да смета на млади суперѕвезди како Чуамени и Камавинга, со тоа што најскапото летно засилување во овој момент има предност и добива шанса пред Едуард.
Камавинга ја игра втората сезона во Реал и имаше прва незаборавна сезона под водство на Анчелоти, кој во неколку наврати нагласи дека очекува многу добри нешта од Французинот во иднина, особено кога самодовербата му е на уште повисоко ниво.
Во ексклузивното интервју за „Џи-Кју“, Камавинга се опиша себеси како човек кого единствено го интересираат мислењата од најблиските во семејството и соиграчите во тимот, но од фудбалска гледа точка, смета дека мора да ја подобри својата десна нога, која самиот ја оцени како многу лоша.
– Јас сум момче кое ужива во животот и кое не се грижи што велат другите. Ме интересира само што мислат моето семејство и моите соиграчи. Јас сум истиот Едуард од пред три години, истото момче од Франција. Доволно сум паметен за да не ја загубам главата поради успехот. Од се што имам, би ја променил само десната нога, таа е навистина многу лоша, – вели Камавинга.
– Карло беше многу важен за мене, тој е еден од најголемите во светот. Покрај тоа, тој е извонредна личност која зборува многу со играчите. Кога дојдов во Реал, стриктно ми објасни што бара од мене. Без разлика дали сум стартер или резерва, секогаш има голема верба во мене, – додава Камавинга.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција