Поврзете се со нас

Свет

Големиот Пипо откри што треба да поправи Мбапе за да го достигне нивото на Роналдо

Објавено

на

Легендарниот поранешен напаѓач, Филипо Пипо Инѕаги откри каде треба да се подобри Килијан Мбапе за да го достигне нивото на Кристијано Роналдо.

Португалецот кој вечерва игра против Мбапе е идол на младиот фудбалер на ПСЖ, а брзоногиот француски репрезентативец во неколку наврати истакна дека сака неговата кариера да се движи во насока како таа на Роналдо.

Инѕаги кој од неодамна е нов тренер на Беша во интервју за „Газета дело Спорт“  посочи дека Мбапе треба да го подобри својот удар за да го достигне нивото на Роналдо.

– Роналдо беше уникатен во пикот на неговата кариера во Реал Мадрид. Сега Мбапе е во ПСЖ, а потоа ќе видиме каде ќе игра. Засега не изгледа толку голгетерски настроен како Кристијано. Мбапе дрибла на мал простор, а неговата промена на брзината е неверојатна. Навистина изгледа како да има мотор во своите нозе, дури изгледа лесно за него да направи разлика, дури и на еден метар, може да биде разорен, дали има место или не.

– Сепак, можноста на Кристијано за удари со глава, како и за избегнувањето на својот противник е нешто неверојатно, а плус шутира и со лева и десна нога. Тоа треба да го подобри Мбапе за да дојде до нивото на Роналдо, -заклучи Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни