Поврзете се со нас

Македонија

„Големиот“ Пелистер“ се спаси од пораз против „малиот“ Пелистер

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер со доста мака успеа да се избори за реми против Еурофарм Пелистер 2 на денешната пресметка од 3. коло од Суперлигата.

Избраниците на Александар Јовиќ одиграа еден одличен натпревар и малку недостасуваше комплетно да го шокираат „големиот брат“ на средбата во „Боро Чурлевски“. Во првиот дел се виде дека ова ќе биде тешка средба за фаворитот, затоа што вториот тим „гризеше“ и на пауза замина со плус два (14-12).

Големата борба продолжи и во второто полувреме, па Пелистер 2 водеше со 28-26 на една минутита до крајот. Сепак последниот збор го имаше поквалитетнио тим кој со погодоците на Радовиќ и Василев се избори за реми од 28-28.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Атанасијевиќ со седум погодоци. На спротивната страна прв стрелец беше капитенот Мирко Радовиќ со девет гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни