Поврзете се со нас

Германија

Големиот Ноер го надмина и легендарниот Оливер Кан

Објавено

на

blank

Германскиот чувар на мрежата, Мануел Ноер важи за еден од најдобрите голмани во модерниот фудбал.

Сега веќе искусниот голман на натпреварот против својот поранешен клуб, Шалке 04 стигна до едно остварување со кое го надмина и легендарниот Оливер Кан.

Имено, актуелниот голман на „баварците“ ја сочува својата мрежа во победата над Шалке од 4:0 и со тоа стигна до бројот 197 натпревари во кои не примил гол.

Со ваквото остварување тој го надмина остварувањето на Оливер Кан кој во кариерата има 196 натпревари со зачувана мрежа. Јасно е дека до крајот на сезоната овој рекорд на Ноер дополнително ќе се зголемува и тешко дека некој друг голман на Баерн Минхен ќе го достигне во извесен период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни