Големиот мајстор во нова акција: Роналдињо со луцудни потези ја збудале публиката во Индија (Видео)

ronaldinjo

Големиот мајстор, бразилскиот волшебник Роналдињо Гаучо уште една покажа дел од својот голем репертоар на елегантни потези со тоа што овој пат тоа го направи на футсал меч од Премиер лигата на Индија.

Бразилецот реши да ја прифати понудата на Делхи Драгонс, а кога тој е на теренот секогаш има спектакл, па Рони со два луцидни потези за само неколку секунди ја збудале публиката.

На средбата со Белглару Ројалс постигна хет-трик со тоа што едниот гол беше специјален, прво го „поздрави“ голманот и потоа даде гол без гледање.

-Уште еден забавен ден правејќи го тоа што го сакам. Голот ме врати на детството каде научив многу од футсалот. Овој гол го посветувам на семејството Еспиноза, особено на мојот прв футсал тренер кој многу ме научи, Клеон Еспиноза. Секогаш те носам во срцето, тебе и твоето семејство. Голема прегратка одовде од твојот црн син, -напиша Роналдињо.

Facebook Коментари