Големиот Липи: Италијанскиот фудбал не е во криза, жално е што судијата Оливер…

lipi

Легендарниот и трофеен фудбалски стручњак, Марчело Липи кој сега сега ја врши функцијата селектор на Кина верува дека италијански фудбал не е во длабока криза, а за тоа даде свој став со конкретно и детално објаснување.

-„Аѕурите“ имаа две прекрасни години во група со Шпанија. Потоа имаа 20 дена на помрачување и загубија од Шведска. Тоа е она што се случи, италијанскиот фудбал не е во криза. Ние можеме да се соочиме со иднината со доверба, бидејќи имаме многу добри млади играчи. Италијанските тимови се способни за сè, не постои голема негативна разлика. Никој не мислеше дека Рома и Јувентус можат да го направат она што го направија против Барселона и Реал Мадрид. Тие покажаа дека со малку среќа можат да бидат конкурентни, -рече Липи кој кратко го искоментира пеналот, поточно одлуката на главниот судија Мајкл Оливер кој досуди пенал за Реал Мадрид во ЛШ и ја реши четвртфиналната пресметка со Јувентус во ова натпреварување.

-Јас не го оспорувам пеналот кој можете да го дадете или да не го дадете. Но, добар судија го заборави владеењето на здравиот разум во овој случај. Жално е што не можеше да ја разбере емотивната реакција на Буфон во оваа ситуација, -додаде Марчело за „Премиум Спорт“.

Facebook Коментари