Поврзете се со нас

Балкан

Големиот Ќиро Блажевиќ со нова легендарна изјава откако се вакцинираше против Ковид: Се повеќе личам на Путин

Објавено

на

blank

Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Ќиро Блажевиќ упати уште една изјава која со брзина на светлината се прошири во екс-ју земјите.

Хрватот примил вакцина против коронавирусот во Србија по која се одлучи во свој стил да даде коментар, без притоа да пропушти да упати и пцовка. Блажевиќ веројатно се вакцинирал со руската вакцина „Спутник“ затоа што неговиот урнебесен коментар го поврза со претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Не отидов преку ред да се вакцинирам, не го сакам тоа! Да го направев тоа, сега ќе ми еб**те мајка. Кога веќе можев заминав таму, и сега можам да кажам дека секој ден кога ќе се погледнам во огледало, се повеќе личам на Путин! Расте таа убава коса, баш е прекрасна, уште само да го извежбам неговиот поглед и тоа е тоа, -се пошегува Блажевиќ.

Потоа 86 годишниот Блажевиќ потврди дека нема да се враќа во Русија за повторно ревакцинирање од вирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни