Поврзете се со нас

Евролига

Големиот џентлмен не остана мирен при хаосот во Мадрид: И легендарниот Раул имаше што да му каже на Пантер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Натпреварот кој беше најавуван како втор празник на кошарката во шпанската престолнина, на крајот се претвори во вистински хаос во „ВиЗинк“ центарот, бидејќи играчите на Реал Мадрид и Партизан режираа сцени кои не се паметат во поновата историја на Евролигата.

При резултат 80:95 и сигурна победа на Партизан на 100 секунди до крајот, искусниот Љуљ направи еден непотребен прекршок врз Пантер, по кој следуваше неверојатна мешаница во која видовме општ хаос, но и џудо зафати од страна на играчите.

Најдебелиот крај го извлече Егзум од Партизан кој ќе мора да прави детални медицински прегледи поради повреда на ногата, а поради настанатото лудило на теренот, судиите проценија дека нема потреба да се доигрува мечот и победата му ја доделија на гостинот.

Партизан поведе со 2:0 во серијата која сега се сели во Белград, а во сеќавање од мешаницата ќе остане и тоа што во истата се вклучи и човекот кој со години важеше за голем џентлмен во фудбалот.

Легендарниот Раул Гонзалес не остана имун на пеколната атмосфера на теренот, па славниот голгетер на Реал Мадрид имаше што да му дофрли на Пантер додека овој минуваше блиску до него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни