Поврзете се со нас

Шпанија

Големиот борец ги закачи копачките: Со емотивно видео стави крај на кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалот е едно вистинско патување за играчите, но се што ќе започне мора некогаш да заврши, а така е со активните кариери.

Токму една таква завршува и тоа е на големиот борец Начо Монреал. Дефанзивецот со едно емотивно видео потврди дека ги остава копачките, става крај на приказната која започна во Осасуна во втората екипа по што дојде до првиот тим, па следуваше преселба во Малага, трансфер во Арсенал за да минативе три сезони ги мине во Реал Сосиедад.

-Играм фудбал 36 години, од кои последните 16 професионално. Го исцрпив своето тело и го доведов до граници што никогаш не ги замислував. Моето колено ми испраќа порака – јасна и нагласена – дека не можам да продолжам. Дали сум лут? Не! Ја прифаќам ситуацијата таква каква што е и сум благодарам за се.

-Една фаза завршува, друга почнува. Среќен сум и добро се чувствувам. Тоа ми дава внатрешен мир. Животот е подарок и сакам да бидам благодарен. Благодарност до Осасуна, Шпанија, Малага, Арсенал и Реал Сосиедад што ми дадоа можност да се вкрстат нашите патишта, -порача Начо кој го носеше и дресот на репрезентацијата на Шпанија во младинските категории и сениорско ниво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни