Поврзете се со нас

Свет

Големиот Арпад Штербик со нова функција во кариерата: Станува тренер на голманите на Веспрем

Објавено

на

blank

Еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња, Арпад Штербик останува во светот на ракометот и по неговото пензионирање.

Штербик од оваа сезона ќе има потполно нова улога во клубот во кој ја заврши својата професионална кариера, Веспрем.

Имено, поранешниот шпански репрезентативен чувар на мрежата ќе биде тренер на голманите на првиот тим на унгарскиот шампион.

Во својата екстра богата ракометна кариера Штербик ги носеше дресовите на Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Вардар.

Во нашиот клуб се задржа четири години и беше миленик на вардаровата публика, а со клубот во 2017 година успеа да стигне и до титулата во Лигата на шампионите каде беше избран за МВП на Ф4 турнирот во Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни