Големината на Реал докажана на дело: Најмалерозниот играч на Сандерленд доби неочекувано писмо од „кралевите“ (Фото)

dankan-sanderlend

Реал Мадрид важи за голем клуб поради своите остварувања и резултати кои ги остварува во домашното првеснство и во Европа, но исто така, ваквиот примат го има заслужено и поради постапките кои ги прави надвор од фудбалските терени кои всушност немаат никаква врска со играчите од првиот тим.

Тибо Куртоа пред една година откри дека Реал Мадрид извел навистина убав гест со него кога имаше незгодна повреда на коленото, а сега хит во Англија стана една искрена порака која му ја испрати „кралскиот клуб“ на најмалерозниот фудбалер на Сандерленд.

Данкан Ватмор има само 23 години и по вторпат во период од една година ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а ваквата негова малерозна судбина го натера Реал Мадрид да му испрати искрена порака во која му се посакува брзо и лесно заздравување.

На писмото се потпишани Флорентино Перез и Емилио Бутрагењо, а овој гест на „кралевите“ не го остави рамнодушен таткото на фудбалерот, Јан Ватмор.

– Ако беше познат фудбалер, можеби и ќе очекував вакво нешто. Ова беше тотално неочекувано. Овој гест покажува за каков клуб станува збор. Ваквиот потег на Реал му даде дополнителна сила за враќање на Данкан, – вели Јан во изјава за англиските медиуми.

Facebook Коментари