Поврзете се со нас

Мото ГП

Големи промени: Јамаха му пронајде замена на Роси, па го потврди и враќањето на Лоренцо! (Видео)

Објавено

на

Јамаха веќе извесно време работи на подобрување на М1 моторот кој во изминативе две сезони беше далеку под сите очекувања, па повеќе од јасно е дека во новата сезона главна цел на возачите на оваа јапонска компанија ќе биде да го предизвикаат Марк Маркез.

Во 2020-та година работите не се менуваат и возачи ќе бидат Валентино Роси и Маверик Вињалес, со тоа што тимот во изминативе 24 часа потврди неколку значајни информации за тоа што ќе следи во иднина. Вињалес потпиша нов двегодишен договор со Јамаха, а тимскиот шеф Џарвис беше приморан да назначи и втор возач за сезоната 2021-ва. Фабио Квартараро и дефинитивно ќе биде замена за Валентино Роси во фабричкиот тим на Јамаха за 2021-ва година, а се уште нејасно е дали претстојната сезона ќе биде последна за легендарниот Италијанец во Мото ГП.

Роси побара од Јамаха да почекаат за неговата конечна одлука, но тимот му соопшти дека биле приморани да ја осигураат иднината, со тоа што му понудија и соломонско решение доколку одлучи да не се пензионира по крајот на сезоната која треба да почне. Џарвис нагласи дека двоец на Јамаха во 2021-ва година ќе бидат Вињалес и Квартараро, но доколку Роси сака да продолжи да се натпреварува, ќе му биде доделен мотор со исти спецификации и ќе биде возач на Јамаха Петронас тимот (вториот тим).

По овие случувања, денеска пристигна уште една важна информација, а тоа е дека големиот шампион Хорхе Лоренцо се враќа во Јамаха, но како тест возач за да работи на правилно развивање на моторот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни